Connect with us

Други спортови

Пристигна првото злато за Турција, неверојатно што погоди Турчинот (ВИДЕО)

Златниот медал во стрелаштво му припадна на турскиот атлетичар, Мете Газор.

Газор беше навистина одличен во финалето, имаше неколку неверојатно прецизни погодоци и на крајот заслужено освои злато.

Турскиот стрелец на својата земја и го донесе првиот медал во стрелаштво во историјата, и во исто време го освои првото злато за Турција на Олимпијадата во Токио.

Со оваа победа, Газор запре неверојатна серија натпреварувачи од Јужна Кореја кои ги освоија сите пет златни медали во Рио во 2016 година, додека во Токио освоија четири златни медали.

Инаку, среброто го освои Италијанецот Муаро Наполи, кого Газор го совлада со 6:4, додека третото место му припадна на Јапонецот Такахар Фурукава.