Connect with us

Фудбал

Пристигна во Торино, а потоа порача: Не сакам повеќе да играм за Барселона

Артул Мело е во Торино каде треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа да потпише, најверојатно петгодишен договор со Јувентус. Во спротивна насока ќе замине Миралем Пјаниќ, а Јуве ќе и доплати на Барса уште 10 милиони. Сепак, според правилата до 30 јуни договорите треба да бидат заклучени, а двајцата фудбалери ќе останат во своите клубови до септември кога официјално ќе започне преодниот рок за следната сезона, бидејќи оваа се уште трае со оглед на тоа дека беше прекината поради коронавирусот.

Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека Артур Мело порачал дека не сака повеќе да игра за Барселона. Тој е револтиран од тоа како бил третиран во каталонскиот клуб, бидејќи упорно цело време кажувал дека не сака да замине од Барселона.