Connect with us

Фудбал

Пристигна за 18, а по една година заминува за 60 милиони, сензацијата од Јужна Кореја го напушта Наполи и се сели во Манчестер Јунајтед

Ким Мин Џае (26) ќе го напушти Наполи и ќе замине во Манчестер Јунајтед, пренесуваат островските медиуми. Јужнокорејскиот дефанзивец, кој со наполитанскиот клуб ја освои Серија А и беше еден од најважните првотимци, долго време беше желба на тренерот Ерик Тен Хаг.

„Сан“ пишува дека трансферот е „практично завршен“, а слично пишува и италијански „Ил Матино“ со наслов „Ким се подготвува за заминување“. Ким би добил годишна плата од девет милиони евра во Јунајтед, со што би станал 11-ти најплатен играч на „црвените ѓаволи“, веднаш зад Хари Мегвајер. Манчестер ќе ја активира излезната клаузула на Ким, па во касата на Наполи ќе се слеат 60 милиони евра. Да потсетиме, Ким во италијанскиот тим пристигна во летото 2022 година од Фенербахче за 18 милиони евра, што значи дека Наполи ќе заработи многу пари. Неговиот актуелен договор со Наполи е до 2025 година со опција за продолжување на уште две сезони. Трансфермаркт го цени на 50 милиони евра и моментално важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот.