Connect with us

Фудбал

Пристигнува во најдобрата лига на светот: Познат е новиот клуб на Хамес Родригез

Авантурата на Џејмс Родригез во Катар ќе биде краткотрајна.

Јужноамериканските медиуми пренесуваат дека Родригез веќе има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во англиската Премиер лига, најдобрата лига во светот.

Официјалните информации велат дека колумбискиот играч за врска кој е член на Ал Рајан е повреден и дека не се пријавил за настап од 5 март.

Сепак, впечатокот е дека Родригез намерно не сака да игра за да го напушти Катар и да се врати во Европа. Како што стојат работите, неговата желба многу брзо ќе се оствари.

Претставниците на офанзивниот играч за врска се погрижија да му ја исполнат желбата и според моменталната ситуација тој следната сезона ќе настапува за Вест Хем.

Лондонскиот клуб минува низ одличен период, финансиски е силен и стабилен и може да одговори на барањата на 30-годишниот кој и претходно настапуваше во Премиершип во дресот на Евертон.

Родригез во првиот обид не успеа да ја спаси кариерата во Англија, а останува да се види како ќе биде во дресот на Вест Хем, кој е во многу поповолна ситуација од популарните „Карамел“.

Инаку, Колумбиецот сакаше да го ангажира и Ал Наср од Саудиска Арабија, но по очигледното „раскинување на врските“ со Ал Рајан, Хамес реши да се врати во Европа.

Родригез претходно играше за Баерн, Реал Мадрид, Монако… Во Европа пристигна во 2010 година потпишувајќи за Порто.

Реклама

Facebook