Фудбал
Проблеми со расизмот, Лукаку ги критикува Серија А и УЕФА
Од Лукаку до Балотели, проблемот со расизмот сè уште е загрижувачки и актуелен во италијанскиот фудбал. Напаѓачот на Интер е во центарот на вниманието по епизодата што се случија во Каљари, велејќи дека очекувал поинаква реакција од италијанската фудбалска федерација и УЕФА.
„Во Каљари беше најтешкиот момент, Серија А и УЕФА мораат да направат нешто повеќе. Може да преземете иницијативи кои велат „не на расизмот“, но навистина треба да се борите против него. Како и да е, ми се допаѓа Италија, луѓето се одлични и љубезни кон мене. На моето семејство му се допаѓа и ова место“.
Лукаку исто така зборуваше и за одлуката да ја напушти Премиер лигата и да започне нова авантура во Серија А.
„Коман, Мурињо и Конте беа искрени и никогаш не ме лажеа. Мојот однос со Солскјаер беше и добар, но сакав да си заминам, му реков уште во март. Тој го почитуваше мојот избор, иако сакаше да ме задржи“.