Фудбал
Проблеми за Барселона, без главниот „бомбардер“ во „Ел Класико“
Барселона според се скапо ја плати синоќешната победа во Порто со 1:0 во Лигата на шампионите. Роберт Левандовски се повреди, го напушти теренот во 34. минута, на чие место влезе подоцнежниот стрелец на голот Феран Торес. Првите прогнози не се добри за Полјакот и шампионот на Шпанија.
„Спорт“ пренесува дека голгетерот ќе биде надвор од терените најмалку еден месец, што значи дека ќе го пропушти „Ел Класико“ против Реал што ќе се одигра на 28 октомври на Монжуик во рамките на 11. коло од Ла Лига. Левандовски ќе ги пропушти и натпреварите против Гранада, Атлетик Билбао и Шахтјор, а нема да биде во составот на Полска за натпреварите против Фарски Острови и Молдавија во квалификациите за ЕП.