Фудбал
Проблеми за Барселона во последната шанса за пехар
Лигата на шампионите е последната шанса Барселона да ја спаси сезоната. Имено, битките во домашното првенство и домашниот куп се загубени, па ЛШ е единствената шанса каталонскиот тим да освои пехар оваа сезона.
Сепак, во пресрет на реваншот против Наполи (1:1) Барселона има големи проблеми. Тренерот Кике Сетјен, поради повреди и суспензии поради картони, на располагање ќе има сaмо 15 фудбалери. Артуро Видал и Серхио Бускетс нема да играат поради суспензија, повредени се Самуел Умтити, Роналд Араухо и Усман Дембеле, додека Артур Мело одби да игра до крајот на сезоната. Напаѓачот Брајтвајт поради тоа што дојде надвор од преодниот рок, нема шанса за игра во ЛШ.