Connect with us

Фудбал

Проблеми за Херта пред берлинското дерби

Титуларниот голман на Херта Берлин, Александар Шволов , ќе отсуствува извесно време од терените поради повреда на бутот што ја заработи при поразот од Баер Леверкузен во саботата. 29-годишниот Шволов ќе го пропушти претстојното дерби во германската престолнина со Унион Берлин во сабота .

Во прашање за натпреварот е и дефанзивецот Никлас Старк , кој има повреда на скочниот зглоб. Марко Рихтер и Дедрик Бојата го пропуштија денешниот тренинг поради болест. На шест кола пред крајот на сезоната во Бундеслигата , Херта го зазеде претпоследното 17. место и е се поблиску до испаѓање во Втората Бундес лига.