Connect with us

Фудбал

Проблеми за Ливерпул, еден од најдобрите сака да замине: Го фаворизирате Салах

Иако секогаш некако е во сенка на останатите фудбалери, не се истакнува, го нема често во медиумите и јавноста, сепак Садио Мане и тоа како е важен играч за Ливерпул. Постигна 18 голови на патот кон титулата освоена по пауза од 30 години.

Сепак, според англиските медиуми, тој на раководството на Ливерпул јасно ставил до знаење дека сака да замине. Наводно причината е тоа што целиот систем на игра на Јурген Клоп се формира околу Мохамед Салах кој според Мане е фаворизиран.

Тој е одличен играч и секако дека би се појавиле тимови кои би сакале да го имаат во своите редови, а како опција се спомнува и Барселона, а Сане би бил замена за Меси доколку замине. Но, во едни вакви услови поради финансиската криза од коронавирусот, 120 милиони евра се многу пари и за најголемите тимови. Се претпоставува дека под оваа сума Ливерпул нема да дозволи да замине еден од нивните најдобри играчи.