Connect with us

Други спортови

Проблемот не доаѓа сам: Ѓоковиќ остана без вистинско богатство, во прашање е вртоглава цифра

Новак Ѓоковиќ последните две недели е во центарот на вниманието на светските медиуми.

Борбата на Ѓоковиќ со влезот во Австралија и настапот на Австралија опен заврши со пораз, а најдобриот тенисер на денешницата во понеделник пристигна во Белград.

Српскиот тенисер загуби на суд по неуспешната жалба на одбиената виза. На крајот, судиите едногласно одлучија да го депортираат светскиот рекет број еден.

Сепак, само депортирањето од Мелбурн не може да биде крај на проблемите на Ноле, бидејќи многу лесно може да се случи главните спонзори да почнат да му вртат грб.

Прв реагираше францускиот производител на спортска опрема Лакосте, кој има намера да го истражи целиот случај.

„Во најбрз можен рок ќе стапиме во контакт со Ѓоковиќ за да ги видиме настаните што следеа по неговото присуство во Австралија“, изјавија Французите.

Не може да се исклучи можноста за предвремен раскин на договорот кој трае до крајот на 2022 година.

Во 2017 година Ѓоковиќ и Лакосте потпишаа петгодишен договор вреден 8,2 милиони евра по сезона, што значи дека српскиот тенисер може да остане без таа сума.

Настапот на Ѓоковиќ на Ролан Гарос веќе е под голем прашалник, особено по одлуката донесена во понеделникот.

Имено, според француските медиуми, тамошните власти донеле одлука според која „вакциналната пропусница“ ќе се применува и за странски професионални спортисти.

Со други зборови, секој спортист кој сака да учествува на натпреварувањето во Франција ќе мора да се вакцинира, а дали во овој момент ќе има исклучоци, француските медиуми се уште не пишуваат ништо.

Сепак, ако се суди според строгата политика на француските власти кон невакцинираните, тешко е да се очекува да се излезе во пресрет на оние кои не сакаат да се вакцинираат, што секако не е во корист на Ѓоковиќ.

Слична е ситуацијата и во Англија и во САД, па доколку пандемијата не се смири, Ѓоковиќ најверојатно нема да може да учествува на ниту еден Грен слем.

Секако дека за српскиот тенисер има излез од оваа ситуација, а тоа е што побрзо да се вакцинира.