Фудбал
Продажбата на дресовите на Меси и Мбапе скокна за 200 отсто
Едно од најнезаборавните финалиња на Светското првенство беше она меѓу Аргентина и Франција во Катар. Последиците веќе почнаа да се чувствуваат.
Влијанието на Лионел Меси и Килијан Мбапе експоненцијално се зголеми. А кој е големиот победник? Што е со клупскиот тим на двете суперѕвезди – Пари Сен Жермен.
Според L’Equipe, ПСЖ забележал масовно зголемување од 200% во продажбата на дресовите на Меси и Мбапе. Од податоците на веб-страницата на францускиот шампион јасно се гледа дека 40% од купувачите се лоцирани во САД.
Сигурно гладијаторската битка меѓу двајцата соиграчи од ПСЖ ја направи последната епопеја. Меси постигна два гола, а Мбапе постигна хет трик. По 3:3 дојде до пенали, каде триумфираа „гаучосите“.