Connect with us

Други спортови

Продолжен престојот на Ѓоковиќ, со закана за строга казна

Новак Ѓоковиќ во Австралија ќе остане најдоцна до понеделник.

Откако Ѓоковиќ поднесе жалба за укинување на визите и забраната за престој во Австралија, Федералниот суд во Мелбурн одлучи да го разгледа целиот случај во текот на викендот.

Српскиот тенисер престојува во еден од хотелите за имигранти, каде ќе престојува во наредните три дена до донесување конечна одлука.

Бидејќи судијата Ентони Кели не ја доби целата потребна документација, беше одлучено пресудата да биде изречена во понеделник.

Кели рече дека адвокатите на Ѓоковиќ треба да достават докази до сабота попладне, а австралиските власти до крајот на неделата сите докази.

Од друга страна, светскиот рекет број 1 се соочува со тешка казна, односно забрана за влез во Австралија во следните три години.

Австралиските медиуми пишуваат дека секоја личност на која му е одземена визата се соочува со ваква казна.

„Доказите во документацијата на Ѓоковиќ по пристигнувањето во Австралија беа слаби и беа поддржани од само еден лекар, многу помалку од другите двајца“, пишува The Age.

Секако, конечната одлука за евентуална тригодишна забрана за влез во Австралија многу ќе зависи од конечната пресуда на Федералниот суд.

Реклама

Facebook

Реклама