Connect with us

Фудбал

Продолжува „епидемијата“ на празни стадиони во Лигата на шампионите

Епидемијата на коронавирус, која се појави во Европа, направи голема мешаница во однос на спортските натпревари.

Ова првенствено се мисли на фудбалските натпреварувања, а овој пат во центарот на вниманието е Лигата на шампиони. УЕФА одлучи најголем дел од реваншите од осмина финалето да се игра пред празни трибини, додека постои шанса дури и да се запре натпреварувањето пред четвртфиналето, доколку епидемијата не се смири.

Откако утрово беше потврдено дека натпреварот помеѓу Барселона и Наполи ќе се игра пред празните трибини неколку часа подоцна, УЕФА објави дека истото ќе се случи во Минхен каде ќе се сретнат Баерн и Челзи следната недела.

Овие екипи го играат реваншот следната среда од 21 часот и ќе се играат пред празните трибини. Баерн веќе со една нога е во четвртфиналето, бидејќи славеа со 3:0 на првиот натпревар во Лондон.