Ракомет
Продолжува кризата на Еурофарм, нов пораз на домашен терен
Предизвикот од 10. коло во СЕХА Лига, донесе уште еден пораз за Еурофарм. Битолчаните на домаше терен загубија од ППД Загреб со еден разлика (27-28).
Уште од самиот почеток госитите покажаа дека ги сакаат трите бода. Првото полувреме Еурофарм покажа многу слаба игра, а Загреб стигна и до максимални +4 во 25. минута, Еурофарм се обидуваше да го намали резултатот и до крајот на првото полувреме се играше гол за гол, но сепак резултатот на полувреме беше 12-16.

Второто полувреме Еурофарм покажа далеку подобра и поквалитетна игра, се доближија на еден разлика, тренерот на Загреб Веселин Вујовиќ има лоши спомени од битола, во времето кога играше за Металопластика, па затоа ги советуваше неговите играчи, да ги извалкаат дресовите, бидејки без борба нема да заминат со победа.

Еурофарм се обидуваше да направи пресврт на натпреварот но, ракометарите на Загреб беа одлични во одраната и успеаа да слават со резултат (27-28).

Хорват со десет погодоци, од кои шест беа од седум метри, беше најефикасен кај Загерб. Кај Еурофарм се истакнаа Остроушко со седум и Ѓукиќ со пет реализации.