Connect with us

Фудбал

Продолжува „војната“ на Твитер – Чех му одговори на Баер Леверкузен

Арсенал беше поразен на домашен терен од Манчестер Сити со 0:2 на почетокот на новата сезона, а поразот би можел да биде и уште потежок ако на голот не беше Петар Чех.

Искусниот голман имаше неколку одлични интервенции на овој натпревар, но и една голема грешка која можеше скапо да го чине. Во еден момент кога неговиот соиграч му додаде, топката за малку ќе завршеше во мрежата, но за среќа на Чех, противниците добија смо корнер.

После тоа се огласи Баер Леверкузен кој го исмеа Чех поради грешката која ја направи. Секако, тие алудираа на тоа дека Бернд Лено треба да биде прв голман на Арсенал кој пристигна токму од Леверкузен. На изненадување на многумина Чех одлучи да им одговори.

„Арсенал ги има сите оние вредности кои го прават голем клуб, а не само некој клуб во низа. Фер натпреварување, професионализам и спортски дух е нешто најголемо што можете да ги научите младите играчи и тажно е кога останатите клубови не ги делат истите вредност, еден е Баер Леверкузен“, порача Чех.