Connect with us

Фудбал

Проклетството на Пеп: Зад антологиската елиминација на Сити се крие проклетство што го следи Гвардиола со години?!

Вистинско чудо е видено синоќа во Мадрид. Манчестер Сити до 90. минута водеше со 1:0, имаше вкупни 5:3, а потоа два гола на Бразилецот Родриго за две минути, а Карим Бензема погоди во продолжението за победа.

Гвардиола остана без финале, а Сити без шанса да ја освои Лигата на шампионите за која отсекогаш сонувал. Пеп загуби две полуфиналиња како тренер на Барселона, три во Баерн и еве го шестото полуфинале во Лигата на шампионите пораз како тренер на Сити.

Откако минатата година го загуби финалето на Лигата на шампионите од Челзи, се смета дека следи проклетство што не може да го симне.

Или барем ова е последната теорија која стана вирална на интернет веднаш откако Сити беше елиминиран, но приказната за проклетството од Африка е сè уште активна.

Јаја Туре четири години беше трениран од страна на Пеп Гвардиола. Две сезони во Барселона и уште две во Манчестер, но во 2018 година се случи скандал и Туре го обвини Пеп за расизам.

“Сакам да бидам тој што ќе го скрши митот за Гвардиола. Тој е љубоморен на мене, ме смета за ривал. Тој направи се што можеше за да ме уништи минатата сезона. Се однесуваше сурово. Дали мислите дека би се однесувал исто со Иниеста?”, праша Туре.

„Не сум единствениот, тоа го почувствуваа и другите играчи на Барселона. Тоа е поради мојата боја на кожа“, рече тој тогаш.

Потоа следеше познатата изјава на менаџерот на Туре Димитриј Селук.

“Убеден сум дека африканските шамани нема да дозволат Гвардиола да ја освои Лигата на шампионите отсега. Тоа ќе биде како африканско проклетство за Гвардиола, а времето ќе покаже дали сум во право или не”, изјави тогаш Селук.

Сепак, Туре подоцна му се извини за изјавите на Пеп Гвардиола, кој сезонава стигна до деветтото полуфинале во Лигата на шампионите и е единствениот тренер кој може да се пофали со тоа, но има шест порази …