Connect with us

Ракомет

„Промена на тенденција, оптимизам, повеќе голови, јака одбрана“ – клични за пад на Австрија и продолжување на сонот

Да се промени тенденцијата, повеќе оптимизам на натпреварот, искористување на секоја шанса и постигнување на голови и јака одбрана. Вака на кратко македонските ракометари коментираат дека треба да изгледа натпреварот со нашиот следен противник Австрија.

„Освен Лазаров кој даваше голови од надвор, ние од левата страна не можев да направиме ништо. Во последните 15 минути и се уморивме“, вели Филип Талески.

„Со овој пораз до втора фаза ќе се бориме по потешкиот пат, а тоа е победа против домаќинот Австрија“, рече Филип Кузмановски.

„Остана да го одиме потешкиот пат. Нашата лоша игра во одбрана и нивниот голман го одлучија денешниот натпревар“, вели Николе Митревски.

„Останува да се одмориме и да направиме анализа, за да славиме победа“, вели Гоце Георгиевски.

„Вакви израмнети натпревари ги решаваат детали, а овојпат тие беа во корист на противникот. Се вративме по лошиот старт на вториот дел, дадовме максимум, но за жал не успеавме да стигнеме до посакуваната победа. Нема да се предадеме, математиките на хартија се една работа, а случувањата на терен нешто сосема друго“, вели селекторот Брестовац.

„Имаме уште еден натпревар кој мора да го добиеме. Многу промашувавме во овој дуел, а на спротивната страна Чешка погодуваше кога е најпотребно и тоа е тоа, затоа е таков резултатот. Мора да даваме голови кога имаме шанса“, вели Стојанче Стоилов.

За да оди понатаму Македонија треба да ја победи Австрија, со најмалку два гола. Во зависност од останатите резултати, или висината на нашата победа, ќе се знае дали нашиот национален тим ќе пренесе бодови во наредната рунда, со оглед дали понатаму ќе оди Австрија или Чешка.