Фудбал
Промени и во ВАР-технологијата, одобрени пет замени на играчи
Комитетот за фудбалски правила го одобри воведувањето на пет наместо досегашните три замени, а оваа привремена одлука ќе стапи на сила веднаш, информираат ФИФА и ИФАБ во заедничкото соопштение.
Поради штетите кои ги трпат фудбалерите за време на пандемијата со коронавирус, испратија барање до ФИФА да се донесе одлука на еден натпревар да бидат дозволени пет замени, со цел што повеќе да се заштитат од неочекувани повреди. Ова барање наиде на разбирање кај челните лица на ФИФА и истото ќе може да се применува само во наредните неколку месеци, но доколку има потреба ќе се пролонгира и до крајот на следната сезона.
Во желба да го заштити здравјето на играчите и да ја намали можноста за повреди, ФИФА дозволи, наместо досегашните 18 играчи, во протоколот за натпревар да има 23. Се со цел тренерите да имаат повеќе опции за замени во текот на самиот меч.
Меѓународниот борд за промена на правилата додаде дека споменатите мерки се привремени, но дека би можеле да потраат се до Мундијалот во Катар во 2022 година. Секако, зависно од последиците на пандемијата.