Connect with us

Фудбал

Пропаст на Стемфорд Бриџ: Дури тројца играчи на Челзи се селат во Барселона?

Челзи минува низ многу тежок период откако Роман Абрамович беше принуден да го напушти лондонскиот клуб.

Абрамович мораше да го продаде Челзи после 20 години по тешките санкции што ги доби поради војната во Украина.

Се очекува продажбата да биде комплетирана наскоро и Челзи конечно да добие нов сопственик пред почетокот на летниот преоден рок, бидејќи веќе е јасно дека сините ги очекуваат големи промени.

Англиските медиуми пишуваат дека Челзи е изненаден што повеќето првотимци размислуваат да го напуштат клубот, а прв тоа го потврди Антонио Рудигер кој речиси сигурно ќе потпише за Реал Мадрид.

Сепак, јасно е дека Рудигер нема да биде единствениот кој заминува. Ситуацијата во Челзи будно ја следи Барселона, која сака максимално да ги искористи проблемите на Стемфорд Бриџ и наводно се обидува да доведе тројца играчи од овој тим.

Веќе е познато дека Барселона се договорила со Андреас Кристенсен, кој на „Камп Ноу“ ќе дојде како слободен играч, а по негови стапки би можел да биде капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета, кому исто така му истекува договорот и е во контакт со Барса.

Покрај овие двајца, Барселона покажа интерес за уште еден играч на Челзи. Фабрицио Романо најави дека Барса го сака и Маркос Алонсо, кој би бил одлично решение на позицијата лев бек.

Алонсо има договор со Плвите до летото 2023 година, но јасно е дека висината на обештетувањето не би била голема. Самиот Шпанец размислува за заминување поради се што се случува во Челзи, а се чини дека тешко би ја одбил понудата на Барселона.

Јасно е дека во летниот преоден рок не очекуваат многу возбудувања, особено кога е во прашање Челзи. Главна цел на Плавите е да ги реши проблемите околу новиот сопственик, па дури тогаш ќе биде јасно што ги чека играчите на крајот од оваа сезона.