Фудбал
Просев за леб, а тие мислеа дека ќе ги ограбам, емотивна исповед на познатиот фудбалер (ВИДЕО)
Малкумина фудбалери имаат храброст да зборуваат за своите животи. Уште помалку се оние кои сакаат да се сетат на сиромаштијата во која пораснале од сегашната удобна ситуација. Сепак, францускиот фудбалер Мамаду Сако е храбар човек.. Тој израснал во сиромашно семејство во Париз, како дете на емигранти од Сенегал, како четврто дете на седум браќа и сестри.
Cette vidéo sur Sakho… Il nous manque tellement, un vrai enfant du club ❤️💙@mamadousakho pic.twitter.com/wmhqgtELcL
— Media Parisien (@MediaParisien) February 19, 2023
Успеа во фудбалот. Бог му дал талент и сила и со голема работа и посветеност успеал да ги надмине сите неволји. Едно време беше најмладиот капитен во историјата на ПСЖ.
Мамаду Сако (33) имаше блескава кариера, по ПСЖ играше за Ливерпул и Кристал Палас, а денеска е член на Монпелје. Живее удобен живот со сопругата Мајда и трите деца, а на пат е и четвртото. На своите наследници им обезбедувал се што немал како дете.
– На 13 години знаев дека ќе станам фудбалер. И тоа на денот кога го изгубив татко ми. Сите обврски на моето семејство веднаш ги ставив на мои рамења – изјави Мамаду Сако во ТВ гостување и продолжи:
– Целта не ми беше да станам фудбалер. Тоа беше обврска за мене. Некој ме праша дали е тешко да се биде капитен на ПСЖ на 17 години? Јас одговорив: „Најтешко ми беше да станам капетан на моето семејство на 13 години“.
Потоа Мамаду Сако се присети на страшните сцени за време на неговото растење. Колку беше потценет и омаловажуван.
– Еднаш бев на улица, просев, а жената која и побарав пари ја држеше чантата како да сакам да и украдам нешто. Бев шокиран. Сакав само да си купам леб. И таа мислеше дека ќе ја ограбам. Бев гладен, а таа почувствува дека сакам да и направам нешто лошо. Тогаш си реков дека ќе станам некој.
Французинот објасни каков бил неговиот живот.
– Знам што е глад! Знам што е студ. Молев за храна. Тоа беше мојот живот кога бев мал, но не сакам да зборувам за тоа. Имам достоинство, бидејќи сите имаме тешка приказна.