Connect with us

Фудбал

Протекоа информации: Еве што бара Модриќ од Перес за да остане во Реал

Поприлично изненадувачка вес доаѓа од Мадрид. Угледниот шпански медиум „AS“ тврди дека „од блиски извори дознава дека Лука Модриќ сака да го напушти Реал“, а потоа тврдат дека сепак е спремен да слушне што има европскиот првак да му понуди.

Шпанските медиуми и понатаму пишуваат, како Реал е во многу подобра преговарачка позиција отколку што беше со Роналдо, кој го напуши клубот, но исто така дека се во подобра позиција отколку со Матео Ковачиќ, кој побара трансфер.

„АС“ тврди дека Модриќ е спремен да остане, но сепак ќе го услови Реал за плата. Интер на Модриќ му нуди четиригодишен договор во вредност од десет милиони евра по сезона и подоцна трансфер во Кина, каде што ќе обезбедите уште 20 милиони евра во следните две сезони. Така, Модриќ би бил побогат за 60 милиони евра во шест години.

Во Реал Мадрид неговите услови се малку послаб, има уште две години во кој заработува шест и пол милиони евра по сезона и не постои гаранција за продолжување на договорот во Реал Мадрид.

“Ако Реал може да му се приближи на понудата на Интер, Модриќ сигурно ќе избере да остане во Мадрид. Овде тој освои четири Лига на шампиони и идолот е на навивачите. Неговата љубов и почит кон клубот ќе играат голема улога во донесувањето на одлуката, но голема улога ќе имаат парите, бидејќи наскоро ќе го прослави 33-от роденден и ова е можеби последната шанса за голем договор”, пишува АС.

Нагласуваат дека Модриќ најверојатно ќе мора јавно да каже дека сака да го напушти Реал.