Connect with us

Фудбал

Протест на навивачите на Јувентус со порака до раководството: Не го сакаме Лукаку (ВИДЕО)

Ова летно може да се случи еден од најголемите шокантни трансфери. Имено, иако нема да биде директно од Милано во Торино, туку тоа ќе биде преку Лондон, бидејќи е играч во сопственост на Челзи, сепак италијанските медиујми пишуваат дека Ромелу Лукаку, верувале или не е на чекор до Јувентус.

Наводно ги договорил личните услови, а Јуве на Челзи ќе му плати 35 милиони + 2,5 милиони низ бонуси. Италијанските медиуми пишуваат дека Лукаку неколку денови не им се јавувал на директорите на Интер, а тие дознале дека имал преговори со Јувентус, по што збеснале. Потоа имало кус разговор помеѓу двете страни, во кој директорите на Интер му порачале дека ги прекинуваат преговорите за негово повторно доаѓање во Интер.

Сепак, навивачите на Јувентус се јасни. Тие пред клупските простории порачаа дека не го сакаат Лукаку во нивниот тим.