Connect with us

Фудбал

Протести во две држави поради Роналдо, купил два клуба, кои се повеќе тонат, го обвинуваат дека ги уништува!

Бразилецот Роналдо е во неволја поради колапсот на два клуба од кои тој е мнозински сопственик. Незадоволни од резултатите во Ваљадолид, навивачите протестираа против него, а Крузеиро мина во серија од осум натпревари без победа. Овие настани ги натераа навивачите да започнат протести додека не се стабилизира ситуацијата во клубот. Смена на тренер имаше и во бразилскиот клуб, најпрвин на клупата беше Пауло Пеколано, кој сега е во Ваљадолид, а негова замена е Зе Роберто. Клубот не памети ваква лоша серија откако Роналдо ја презеде сопственоста, па лошите резултати предизвикаа критики кон поранешниот фудбалер. Моментално се пет бода над зоната за испаѓање, а навивачите се незадоволни од овој пласман.

Слична е ситуацијата и во шпанскиот клуб, кој за малку избегна банкрот, но моментално е на последното место во втората шпанска лига. Со оглед на многу лошата ситуација во двата клуба, „Марка“ заклучува дека работите може да бидат уште полоши за Роналдо. Бразилецот стана мнозински сопственик на Ваљадолид во септември 2018 година, откако купи 51 отсто од акциите. Во декември 2021 година, тој ја презеде контролата врз Крузеиро, клубот во кој ја започна својата кариера и инвестираше 70 милиони долари во него.