Connect with us

Ракомет

Противникот на Македонија на ЕП ја прегази Унгарија

Селекцијата на Чешка ја совлада Унгарија во пријателски меч со 31:22 во подготвителен меч за ЕП кое почнува на 9-ти, а ќе трае до 26-ти јануари.

Мечот се одиграл зад затворени врати, односно без присуство на публика и медиуми. Конечниот резултат го објави Чешката ракометна федерација.

Чешка е во иста група Б со Македонија на ЕП, каде уште се наоѓаат Австрија и Украина.

Украина одигра пријателски меч со Тунис и доживеа пораз од 34:32. Австрија утре игра пријателски меч со Германија.

Последната проверка на Македонија пред ЕП е селекцијата на Црна Гора, а мечот ќе се одигра вечерва во 19:30 часот во Словенија како дел од подготовките за континенталниот собир.