Противникот откри интересен разговор со Ван Дијк: Јас не би се трудел, едноставно сум премногу добар

Виргил ван Дијк го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи во дрес на Ливерпул.

Фантастичниот холандски фудбалер е столб на одбраната на тимот од „Енфилд“ бркајќи ја првата титула во 30 години и исто така има направено неколку извонредни настапи во Саутемптон и Селтик.

Поранешниот шкотски напаѓач ан Ст. Џонстон, Греам Куминс играше против Ван Дајк во шкотската Премиер лигата и играше против него во последниот натпревар на холандскиот дефанзивец во дресот на Селтик.

За време на натпреварот имаше многу интересен разговор со Ван Дајк, кој му рече дека тој е едноставно премногу добар и не мора да се труди да игра против него.

„Тој замина еден ден по нашиот натпревар против Селтик. Јас го продадов затоа што тој ме запре“, се пошегува Куминс и продолжи:

„Во соблекувалната ми рекоа да се обидам да го запрам пред тој да ме запре мене, да стојам зад него кога ја има топката, но не можев да му направам ништо. Се обидов да спринтам со него, но тој ме разнесе. Јас бев без здив. Стоев на страна, а тој се сврте и рече: ’Јас дури и не би се мачал. Јас сум премногу добар.’, ги кажа Куминс зборовите на брилијантниот стопер.

Потоа Ван Дајк замина во Саутемптон, каде остана до декември 2017 година, а потоа следеше трансфер од 75 милиони фунти во Ливерпул.

Засега тој освои сè што може. Беше прогласен за играч на годината минатата година, ја освои Лигата на шампионите, беше во изборот за најдобар во светот, а оваа сезона е на пат и титулата во Премиер лигата.