Фудбал
Провокација или нешто друго? Бејл привлече многу лутина од навивачите поради потегот на тренингот
Фудбалерот на велшката репрезентација Герет Бејл ги вознемири повторно навивачите на Реал Мадрид.
Бејл се врати на тренинзите пред дуелот на Реал против Еибар, но во тимската слика од тренинзите, Бејл повторно изведе потези за голф.
Тој повторно потсети како Шпанците тврдат дека голем број на повреди се резултат на играње голф.
Gareth Bale practices golf swing in Real Madrid team photo https://t.co/ZmBpdvRMVR via @MailSport
— Talek Harris (@TalekHarris) June 12, 2020
„Велс, голф, Мадрид“ беше неговата порака кога се квалификуваше со неговата репрезентација за Европско првенство, а навивачите на кралскиот клуб сметаат дека неговото однесување е неприфатливо.
Бејл остана во Реал и покрај бројните гласини, на крајот на краиштата тој има добар договор кој трае уште две години, а против Еибар нема да биде стартер затоа што Зинедин Зидан подготвува тим со напаѓачкото трио Асенсио – Бензема – Азар.