Connect with us

Фудбал

Прв Костариканец во македонскиот фудбал – Костариканецот Алварез ново засилување на Шкупи

За прв пат во македонското првенство ќе игра фудбалер од Костарика откако Шкупи потпиша со напаѓачот Фреди Алварез.

Се работи за 25-годишен играч кој играл за младинските селекции на својата земја. Тој стави потпис на едногодишен договор со Шкупи.

Алварез играше во првенството на Костарика за тимот на АДР Жикарал. Тој бил еден од најдобрите во шампионатот, на 21 натпревар постигнал осум гола и имал пет асистенции.

„Многу сум среќен што доаѓам во овој клуб за кој ми кажаа дека има традиција и историја и освоил многу трофеи. Моите лични и тимски очекувања тука се многу високи, се надевам дека брзо ќе се адаптирам. Од денеска ќе му бидам на располагање на тренерот и брзо ќе бидам подготвен за предизвиците кои се пред нас“, вели Алварез за сајтот на Шкупи.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама