Фудбал
Прв пат се појави во јавноста после инцидентот, Роналдо се криеше во автомобилот зад телохранителите
Кристијано Роналдо се најде на удар на критичарите откако на еден од неговите обожаватели му го скрши мобилниот телефон. По поразот од Евертон (1:0), Роналдо одеше кон тунелот бидејќи, а поткривнуваше бидејќи доби силен удар во левата нога.
На излезот од теренот застана, а еден од навивачите сакаше да го сними. Тогаш Португалецот ги загуби нервите и му го истргна мобилниот телефон од рака и го скрши, па замина во соблекувалната.
الاسطورة كريستيانو والمشجع من زاوية أخرى. pic.twitter.com/PE1LahZpms
— عالم كريستيانو (@c7world) April 9, 2022
Овој потег ја згрози фудбалската јавност бидејќи подоцна беше објавено дека навивачот е практично младо момче со аутизам кое прв пат дошло на натпревар со својата мајка. Роналдо се извини за својот потег и му понуди на семејството да дојде на следниот натпревар на Манчестер Јунајтед и да му гостуваат, но тој одби и рече дека Роналдо сето тоа го направил на срамен начин.
Португалецот не се огласи по извинувањето, а утрово првпат се појави во јавноста кога дојде на тренингот на Јунајтед.
Вообичаено тој е зад воланот во автомобилот, но овој пат Роналдо седеше зад своите телохранители и се обиде да се сокрие од моќните фоторепортери кои беа пред тренинг центарот на Манчестер Јунајтед.
Мајката на момчето Џејк вчера објави дека нема да ја прифати поканата на Роналдо да дојде на Олд Трафорд и дека очекувале тој лично да се извини за својот потег, а тоа да не го стори преку социјалните мрежи.