Connect with us

Други спортови

Прв пингпонгарски камп во Пехчево

Пехчево, 24 август 2020 (МИА) – Во организација на Пингпонгарската федерација на РСМ со покровителство на Меѓународниот олимписки комитет и Македонскиот олимписки комитет  во Пехчево денеска започна Пингпонгарскиот камп „Пехчево 2020“. Како што истакна претседателот на Пингпонгарската федерација на РСМ, Горан Тиловски активноста е дел од програмат за олимписка солидарност.

-Особено ни е драго што денеска сме тука после неколкумесечна пауза заради ситуацијата со пандемијата, така да организацијата на овој настан е една форма на предзивик за нас како организатори да направиме интересен настан со што ќе го одбележиме почетокот на натпреварувачката сезона. Значи имаме серија на два настани кои ќе ги организираме во Пехчево. Првите пет дена ќе имаме организација на тренинг семинар за тренери во рамки на Пинг понг федерацијата, каде по заршувањето на овој камп и успешно завршување на програмата нашите тренери ќе бидат овластени сертифицирани тренери, со прво ниво во рамки на Светската федерација. Ова е од огромна важност за нашата федерација, бидејки со ова вложуваме во развој на нашите кадри, развој на тренери кои ќе бидат вклучени во растежот на поголем број деца и со поквалитетна работа со младите категории вели Тиловски.
Дополнително после овие пет дена, како што додаде Тиловски, експерт од Франција ќе реализира и камп со најдобрите млади играчи до 18 години.
-И оваа активност е поддржана од истата програма од МОК и ИОК поради што имаме присуство на експерт од Француската пингпонгарска федерација, Николас Гиугон кој ќе ја одржи сертификацијата на тренерите и кампот за најдобрите млади играчи до 18 години. Тоа ќе биде петтодневен камп под негово водство на кој ќе учествуваат најквалитетните млади играчи. Ова е дополнителна можност за нив како и за нашите тренери да работат под раководство на врвен тренер, кој ќе ни даде дополнителен мотив и надеж за развој на пинг-понгот во нашата држава., рече претседателот на Пингпонгарската федерација на РСМ.
За пехчевскиот градоначалник  Драган Тренчовски голема е честа да се биде домаќин на ваков настан кој прв пат се одржува во Пехчево.
-Во нашата општина по прв пат се организира ваков голем собир и дефинитно е момент плус за дополнителен развој на овој спорт во нашиот регион. Секако, самата доделена организација од страна на ИТТФ овој настан да се одржи во нашата општина е големо признание за што верувам ќе се покажеме како добри домаќини. Добро познато е дека спортот ги обединува луѓето без разлика на која раса и нација припаѓаме. Затоа и целта на овој настан е промоција на пинг-понгот во нашата општина и пошироко во регионот и нашата држава и поврзување на децата и луѓето чија основна идеја е аспектот на играта и задоволството кое произлегува од играњето и подобрувањето на нивото на вештини. Ваквите кампови се дружење, а дружењето е од големо значење, затоа што придонесува за размена на искуства и знаења за спортот, како и за зголемување на интензитетот на натпреварувањата, кои што се главен предуслов за успех во спортот, рече Тренчовски.
Додаде дека општината и во иднина ќе ги поддржува ваквите настани.
-Овој настан е од особен интерес за градот, затоа што е дел од афирмацијата на нашето Пехчево, но и поттик за развивање на пинг-понгот во општината, па затоа максимално ќе ги поддржуваме сите идни оргганизации, сите луѓе кои што се вклучени во спортот, со цел да направиме максимални услови спортот да биде број еден во нашата општина. Кога има таленти кои во такви услови можат да бидат одлични и перфектни, тогаш со поголема поддршка од локалната самоуправа, би биле исклучителни. Најголемо задоволство ќе ни биде, доколку меѓу нив се најде и некоја идна пинг-понг ѕвезда, која ќе го промовира Пехчево не само во нашата држава, туку и пошироко во светот, додаде Тренчовски.
За генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски овој камп е од особено значење за развој на тренерскиот кадар во пинг-понгот како спорт.
-Големо задоволство ми беше што имавме одлични разговори со градоначалникот пред да започне семинарот, при што се договоривме за организација и на други настани во соработка со Олимпискиот комитет за што се надевам дека во соработка со градот Пехчево во иднина ќе имаме многу убави настани. Ние како федерација долго време соработуваме со клубови од овој крај, виден е напредокот, сметам дека оваа обука ќе биде од големо значење за тренерскиот кадар, бидејќи знаеме дека спортиситите не можат да напредуваат без соодветен и квалитетен тренерски кадар и без квалитетна спортска администрација. Значи без овие два момента, посебна обученост на тренерски кадар и спортска администрација не можат да се постигнат високи спортски резултати. Затоа во соработка со федерацијата и градот Пехчево, во соработка со сите меѓународни спортски организации и Олимпискиот комитет ќе продолжиме во инвестирање на ова поле. Сметам дека сме на добар пат, бидејќи веќе имаме учество на Европските и Медитеранските игри и се надеваме дека на следните Олимписки игри ќе имаме прв натпреварувач во пинг-понг. Се надевам дека знаењата од овој камп – семинар ќе бидат корисни за сите, дека учесниците ќе можат да ги пренесат знаењата и на дрите тренери и дека од тоа најголема корист ќе имаме сите ние, истакна Поповски.
Експертот Николас Гуијон додаде дека со нетпрение чека да го пренесе своето искуство на учесниците.
-Драго ми е да бидам во Пехчево денеска и овие денови за да ја одржам обуката за тренери во рамките на Светската федерација – ниво 1. Секако организацијата на овој семинар е во рамки на поддршката на Фондот за солидарност и Пингпонгарската федерација на РСМ. Се состои од два дела, прв дел е обука за тренери и втор дел камп за најдобрите младински категории до 12, 15 и 18 години, рече Гуигон во своето обраѓање.
Тој додаде дека оваа програма трае веќе 20 години и е насочена кон работа со млади до 20 години.
-Главната цел на обуката на тренерите е насочена за работа со млади категории во училиштата заклучно со јуниорска категорија. Едно од главните барања на Меѓународната федерација во пинг-понг е да се заврши првиот дел од обуката кој се состои од 30 часа обука и 30 часа практична работа. Главна алатка е да користиме прирачник кој секој го има добиено. Како подготовка за семинарот многу е важен теоретскиот дел, но секако и практичниот дел од подготовките. Ќе се фокусираме многу на практицирање и вежбање во теоретскиот дел. Среќен сум што сум тука и да повторам дека во рамки на Светската федерација со оваа програма се опфатени сите земји во светот, т.е сите земји од светот се партиципиенти во Светската федерација, истакна Гуигон.
По прес – конференцијата присутните се упатија кон спортската сала Јане Сандански во Пехчево каде ќе се одвива дел од кампот. Пехчево е една од општините каде нема пингпонгарски клуб и ова за малото гратче ќе значи можност по прв пат овој град да добие спорт кој ќе го предизвика интересот кај помладата популација. Од општините во регионот пингппонгот веќе е присутен кај младите пингпонгари од Берово кои веќе активно учествуваат во сите напреварувања во организација на Пингпонгарската федерација на РСМ. вс/вг/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com