Фудбал
Прва фотографија на познатиот голман од болнички кревет! Се огласи по мозочниот удар: Повеќе не сум на интензивна нега, но… (ФОТО)
Легендарниот холандски голман Едвин Ван Дер Сар за прв пат прозборе од болница откако на почетокот на јули итно беше примен во болницата во Сплит поради субарахноидално крварење во мозокот.
„Пред сè, сакам да им се заблагодарам на сите за сите одлични пораки за поддршка. Среќен сум што можам да ви кажам дека повеќе не сум на интензивна нега. Сепак, сè уште сум во болница. Се надевам дека следната недела ќе си одам дома и ќе продолжам со следниот чекор во лекувањето, напиша тој, заедно со фотографијата на која ја гушка сопругата.
Ван Дер Сар (52) моментално е извршен директор на Ајакс, а своето фудбалско име го прослави како еден од најдобрите голмани во историјата. Тој бранеше на највисоко ниво повеќе од две децении, за Ајакс, Јувентус, Фулам и Манчестер Јунајтед, а потоа кариерата ја заврши во 2016 година во Нордвејк.