Connect with us

Други спортови

Прва хронометар велосипедска трка во Маврово

Скопје, 8 септември 2020 (МИА) – Во Маврово денеска првпат ќе се одржи хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN, за професионални и аматерски велосипедисти, во рамки на која ќе се вози патека во должина од 22 километри, во правец Бистра – Леуново – Бистра.

Натпреварувачите ќе бидат поделени во две категории, про и хоби. Категоријата про ги опфаќа членовите на клубовите во Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но во неа ќе можат да возат и сите оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти. Категоријата хоби е наменета за сите велосипедисти кои рекреативно се занимаваат со овој спорт.

Бројот на натпреварувачи ќе биде ограничен на 300 (100 во про категорија и 200 во хоби категорија).

Како што информираат организаторите, првата хронометар велосипедска трка ќе биде организирана со запазување на сите мерки и протоколи врзани за организирање настани во услови на Ковид-19 пропишани од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Стартот на трката ќе биде хронометар, што значи дека на секои 15 секунди ќе стартува по еден велосипедист. вј/лв/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com