Connect with us

Фудбал

Прва меч топка за Реал Мадрид

Иако кон средината на сезоната се чинеше дека Барселона ќе ја освои титулата, сепак тимот на Кике Сетиен попушти во вториот дел, па му дозволи на Реал да ја престигне на табелата. На „Кралевите“ во последните две кола им е потребна само една победа за да ја обезбедат титулата, бидејќи во моментов имаат четири бодови предност.

Првата меч топка Реал Мадрид ја има вечерва, а доколку на стадионот „Алфреди ди Стефано“ го совлада Виљареал во 21:00 часот, тогаш ќе ја освојат 34-тата титула во клупската историја. Доколку не победи, а доколку Барселона обезбеди триумф и во ова коло, тогаш Реал титулата ќе ја „брка“ во последното коло. Секако, ситуацијата зависи и од тоа како Барселона ќе одигра вечерва против Осасуна. Се освен победа ќе значи титула за „Кралевите“.