Connect with us

Ракомет

Прва победа на гости за крај на година – „Фармацевтите“ славеа над Спартак Москва

Еурофарм Работник триумфираше на гостувањето кај Спартак Москва со 21:33 (11:19), во последниот 10. натпревар од регуларниот дел во СЕХА Газпром лигата.

За Еурофарм Работник се истакнаа и голманите, Н. Митревски собра 10, а Г. Чаневски осум одбрани.

Со овој последен натпревар Еурофарм ја обезбедија четвртата позиција во групата „Б“ и во осминафиналето според најавите ќе играат против Нексе од Хрватска.

Дуелите ќе се одиграат на 1/2 февруари и 11/12 февруари 2020 година.