Поврзи се со нас

Кошарка

Прва поголема размена: Крис Пол заминува во Феникс

Ветеранот Крис Пол е нов член на „сонцата“ од Аризона. Долго време се шпекулираше околу иднината на Крис Пол. Се пишуваше дека искусниот организатор на игра ќе заврши во Лос Анџелес Лејкерс, кај големиот пријател Леброн Џејмс.

На два дена пред годинешниот драфт, во НБА се случи првиот голем трејд, откако Феникс санс дојде до еден од најдобрите организатори во лигата, Крис Пол.

Сопственикот на Санс, Роберт Сарвер е убеден дека со Пол во тимот, заедно со Девин Букер ќе можат да бидат конкурентни во Западната конференција, откако по рестартот на лигата минатата сезона имаа 8-0 скор.

loading...

Facebook