Поврзи се со нас

Други спортови

Прва суперлигашка победа на ППК”Крива Паланка 2007″

Крива Паланка, 2O септември 2020, (МИА) – Во третото коло од пингпонгарската Суперлига на Република Северна Македонија, тимот на ППК “Крива Паланка 2007” ја забележа првата победа сезонава, во камбекот на настапите во супер лигата по една деценија.

  • Нашиот клуб сезонава се врати во елитната државна Суперлига по една деценија отсуство. Во сезоната 2010/11 со јуниори бевме прваци во супер лигата, по што поради финансиски причини не продолживме.Оваа сезона сме повторно присутни, одигравме две кола минатиот викенд, играјќи во адаптиран, ослабен, состав поради Ковид-19, зашто два наши првотимци не настапија, а и денес игравме со таков состав,но имавме среќа и остваривме прва победа во Суперлигата, со 4:2 против Струга. Во тимот го имавме најмладиот играч, Лука Стаменковски,со осум ипол години и Игор Јовановски, највозрасниот член на клубот,кој прв започнал со тренинзи во истиот, рече Мартин Стаменковски, претседател и тренер на ППК “Крива Паланка 2007”.

Со овој моментен видоизменет играчки состав, клубот е во борба за средината на табелата, додека, како што нагласи Стаменковски, доколку се комплетира составот со двајцата првотимци, се очекува да се борат за плејофот.

Она што е специфично е што клубот настапува на турнирите и игра натпревари без тренинзи, поради Ковид-19 ситуацијата.

Сите натпреварувања од оваа лига се играат во спортската сала”Борис Трајковски”, Скопје, а следниот викенд ППК”Крива Паланка 2007″ ќе игра против “Вардар” и “Телеком Нец”. ид/зс/

Advertisement

Facebook

Реклама