Фудбал
Првата изјава на Вилијан во Арсенал ги изненади навивачите на Челзи
Бразилецот Вилијан денеска е промовиран во нов играч на Арсенал. Неговата прва изјава изненади многумина, а многумина и насмеа. Како што вели тој, дошол во Арсенал за да освојува трофеји. Но, овој клуб во последните години е далеку од врвот.
-Дојдов во Арсенал бидејќи тоа е еден од најголемите клубови во светот. Имаат нов проект со Микел Артета и сакам да бидам дел од тоа. Дојдов за да се обидам да освојувам трофеи. Овој клуб го заслужува тоа, вели Вилијан.