Connect with us

Фудбал

Првиот човек на ФИФА: Ми се плаче за Италија, ама Македонија…

-Како фудбалски фан ми се плаче што Италија нема да игра на Мундијалот. За сите Италијанци тоа е многу тажно, ова е втор Мундијал по ред на кој нема да играат. Дури и ако се пласираат на следното светско првенство, тоа ќе значи дека ќе играат Светско првенство после 12 години, што секако е голем шок за таква велесила. Но, таков е фудбалот. Македонија покажа зошто е толку убава фудбалската игра, вели Инфантино, прв човек на ФИФА.

Инаку, денеска со почеток во 18:00 часот ќе се одржи жрепката на групите за Светското првенство, кое во ноември ќе се одржи во Катар.

Како што е познато во полуфиналето од баражот Македонија ја победи Италија со 0:1, но во финалето загуби од Португалија со 2:0.