Connect with us

Фудбал

Првиот човек на Фиорентина за најдобриот: Ако сака, нека си оди, но под еден услов!

Федерико Кијеза е мета на многу клубови и тоа големи, кои го следат секој меч. Прашање е време кога ќе ја напушти Фиорентина. Дали тоа ќе се случи овој јануари, не е исклучено, но не е ниту сигурно.

-Веќе разговарав со неговиот татко Енрико. Доколку Федерико сака да замине, тогаш може да го стори тоа, но само ако стигне адекватна понуда во Фиорентина, изјави првиот човек на клубот Роко Комисо.

Кијеза има договор со „Виолетовите“ до 2022.година, а Јувентус и Интер се најзаинтересирани, покрај неколку премиерлигашки тимови.