Connect with us

Фудбал

Првиот човек на Јувентус, за иднината на Роналдо: Тоа е стар медиумски трик

Кристијано Роналдо пред неколку дена откако Јувентус ја освои шампионската титула во Италија, напиша дека следната сезона заедно ќе атакуваат на третата по ред за него. Сепак, по елиминацијата од Лион во ЛШ, медиумите почнаа да шпекулираат дека Португалецот наводно размислува за заминување од Јуве, а се спомнува ПСЖ.

Сепак, првиот човек на тимот од Торино со јасна порака.

-Целосно сум убеден дека ќе остане. Написите во медиумите се пред неколку месеци, односно пред да играме со францускиот тим. Тоа е стар медиумски трик. Ве уверувам дека Роналдо ќе остане бидејќи е важна алка за Јувентус, изјави Андреа Ањели.