Connect with us

Фудбал

Првиот човек на Ла Лига жестоко го критикуваше Роналдо: Меси е икона на Ла Лига

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас крена многу прашина со изјавата за Кристијано Роналдо, кој се пресели од Реал Мадрид во Јувентус пред две години.

Роналдо и Лионел Меси беа секако најголемите sвезди на Ла Лига, но пред две години Португалецот реши да ја продолжи кариерата во Јувентус. Но, Тебас тврди дека тоа воопшто не ја загрозило популарноста на Ла Лига.

“Сигурно навивачите на Реал се вознемирени што замина затоа што привлекуваше многу внимание и луѓе на стадионите. Сепак, неговото заминување скоро никогаш не се почувствува на ниво на Ла Лига. Меси е различна приказна затоа што тој е најдобриот играч во историјата и секогаш играл во Ла Лига “, рече Тебас, додавајќи.

“Ако Меси си замине, сигурно е дека многумина ќе жалат и тоа ќе се почувствува што се однесува до популарноста на Ла Лига. Меси е икона на шпанскиот фудбал и се надевам дека ќе ја заврши кариерата овде”.

Мадридскиот АС пишува дека Роналдо сигурно ќе одговори на ваквите повици од Тебас, со кого имал и вербален судир пред неколку години.