Поврзи се со нас

Кошарка

Првиот пик на драфтот повеќе сака друг спорт: Таму правите што сакате, а во НБА лигата сте казнети

Ентони Едвардс беше избран за прв пик на НБА драфтот.

Сјајниот 19-годишник својата професионална кариера ќе ја започне во дресот на Минесота Тимбервулвс и ќе има шанса да стигне до голема слава.

Сепак, неговата прва љубов не е кошарката, туку американскиот фудбал. Во интервјуто пред драфтот, тој истакна дека ќе оди во НФЛ веднаш штом ќе биде избран

“Јас ја сакам кошарката и тоа е она што го работам, но ако бев избран во НФЛ, веднаш ќе го заминев тоа. Во НФЛ на теренот можете да правите што сакате, да фрлате топка, да танцувате, разни провокации, а за тоа во НБА-лигата веднаш следува казна“, рече неодамна Едвардс и додаде:

“Фудбалот е спорт од каде што започнав и никогаш нема да го заборавам. Не ме сфаќајте погрешно, кошарката е број еден бидејќи чувствувам дека ќе ми помогне во животот. Тоа е моја работа”, рече Едвардс.

Несреќниот Ентони ги изгуби својата мајка и баба за само осум месеци пред пет години. Тие починаа од рак, а за него се грижеа браќата кои го принудија да не се откажува од ветувачката кариера што беше занемарена.

Имаа право и Едвардс сега ќе има шанса да направи одлична кошаркарска кариера.

loading...

Facebook