Connect with us

Ракомет

Првиот пораз во ЛШ, Вардар го одигра најслабото прво полувреме во историјата на клубот!

Публиката во „Јане Сандански“, но и тие пред малите екрани имаа можност да проследат еден неверојатен натпревар од Лигата на шампионите. Вардар го пречека Кил во Скопје, но за жал не успеа да ги израдува своите навивачи со победа.

Европскиот шампион слабо го започна натпреварот. Со само четири гола во противничката мрежа може да се каже дека ова е едно од најслабите полувремиња на Вардар. Нашиот тим се обидуваше да постигне гол на секој можен начин, но топката едноставно не сакаше да влезе во голот.

За разлика од Вардар, Кил перфектно го започна натпреварот. Гостите уште на почетокот направија серија од четири гола, а Вардар никако не можеше да се одбрани од налетите на Кил. Гостите од Германија заслужено заминаа на полувреме со висока предност од 12. гола (4:16).

Второто полувреме и двете екипи го запoчнаа жестоко. Вардар со сета сила тргна во напад во обид да ја намали предноста на Кил. Се играше гол за гол, Вардар покажа значително подобра игра во однос на првото полувреме и успеа да ја намали разликата на пет гола. Можеме да се каже дека и двете екипи одиграа солидно второ полувреме, но едноставно големата разлика која ја создаде Кил во првото полувреме на крајот го чинеше Вардар.

На крајот може да се каже дека Кил покажа одлична игра и сосема заслужено издвојува победа во „Јане Сандански“ со 20:31