Connect with us

Фудбал

Првиот проект на Венгер во ФИФА: Го менува правилото за офсајд

Арсен Венгер ја напушти клупата на Арсенал во 2018 година по повеќе од две децении и во моментов е вработен во ФИФА.

Венгер неодамна се приклучи на ФИФА, каде е одговорен за глобалниот развој на фудбалот, а неговиот прв предлог би можел да ја промени играта.

Според познатиот британски весник „Тајмс“, Венгер работи на промена на правилата за офсајд позиција.

Венгер предлага дека во иднина офсајд позицицијата да се досуди само кога разликата помеѓу напаѓачот и дефанзивецот е забележлива, односно сите делови од телото со кои е дозволено да се постигне гол да бидат пред телото на противникот.

„Најголем проблем со ВАР технологиите со кои луѓето имаат проблем е офсајдот. Постои простор за промена на правилата и заради должината на носот, играчите да не завршуваат во офсајд“, рече Венгер.

Секако интересна идеја што многумина би ја поддржувале бидејќи многу голови се поништени оваа сезона поради офсајд од неколку центиметри, особено во Премиер лигата.