Connect with us

Други спортови

Првиот тест во Барселона му припадна на Мерцедес

Екипите на Формула 1 започнаа со тестирање на автомобилот за претстојната сезона на патеката во Барселона.

Во утринската тренинг сесија од првиот од трите дена, најбрз беше возачот на Мерцедес, Валтрири Ботас, пред Серхио Перез кој го вози болидот на „Расинг Поинт“.

Финецот го искористи најдобриот круг со време од 1: 17.313, при што Перез заостана за само 62 десетинки. Трет со речиси половина секунда заостанување беше Макс Верстапен на Ред Бул.

Автомобилот на Ферари требаше да биде тестиран од Себастијан Фетел, но германскиот возач беше заменет со Чарлс Леклер поради болки во стомакот.

После првите 150 минути возење и поминаа 1700 км, автомобилите покажаа одлична сигурност и веќе успеаја да го надминат времето во споредба со минатогодишното тестирање.

Инаку, сите возачи кои седеа во болидите утрово успеаа да извозат над 50 круга и немаше црвени знамиња за време на тестирањето.