Connect with us

Фудбал

Прво Лацио, па Јувентус, а на крајот заврши во Реал Сосиедад

Довчерашната ѕвезда на Манчестер Сити, Давид Силва кариерата ја продолжува во Реал Сосиедад. Неговата промоција во новиот клуб е закажана за утре (понеделник).

Ова секако е изненадување ако се знае дека Силва беше многу блиску до Лацио, а потоа се појави и Јувентус, откако нов тренер стана Андреа Пирло. Сепак, веројатно Силва најдобро ги знае причините поради кои се одлучил за Шпанија, а не за италијанското првенство.