Connect with us

Фудбал

Прво па машко – 4,5 милиони евра продаден играч на хрватски Осиек

Уште еден доказ дека клубовите во Хрватска си ја знаат својата работа и секако како од то да профитираат.

За 4,5 милиони евра продаден е првиот играч на хрватски Осиек, ова докажува дека не само најголемите Динамо и Загреб и Хајдук си ја знаат работата, туку дека и „малите“ клубови се стремат кон тоа.

Новиот член на Серија Б, зад кои стои моќното дуо од најславните денови на Милан, го купиле Мариќ за 4,5 милиони евра и сега амо се чека на официјална промоција на Хрватот во дресот на амбициозниот италијански клуб, кој има цел да стигне и до калчолигашката елита.

Мариќ денеска треба да ги направи лекарските прегледи и потоа официјално да потпише договор. Ова е втор голем трансфер, во кој Осиек ќе добие плус и бонуси, зашто овој клуб кој до последен момент се бореше за вицешампионското место, во јануарскиот преоден рок го продаде Бошко Шутало во Аталанта за пет милиони евра.