Фудбал
Прво заминување од Париз
Францускиот великан ПСЖ се ослободи од бразилскиот фудбалер Рафиња (28).
Според информациите на трансфер магионичарот Фабрицио Романо, ПСЖ го испратил Рафиња на позајмица во Шпанија, а 28-годишниот фудбалер ќе премине во редовите на Реал Сосиедад.
Рафиња до крајот на сезоната ќе настапува за тимот од Сан Себастијан како позајмен играч, а во договорот нема опција за откуп.
EXCL: here-we-go, Rafinha joins Real Sociedad from Paris Saint-Germain. Loan until the end of the season, NO buy option. Agreement reached on final details too. ??? #transfers
Rafinha will undergo his medical tomorrow. Real Sociedad only wanted him.
Done deal, confirmed ⤵️ https://t.co/uVG1pEBRBG
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 26, 2021
28-годишниот фудбалер утре ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише договор за соработка со баскискиот тим.
Рафиња е член на ПСЖ од 2020 година, за кој одигра вкупно 39 натпревари, но никогаш не беше во прв план со Маурицио Покетино.
Како и неговиот постар брат Тијаго, кариерата ја започна во Барселона, а покрај за каталонскиот гигант и ПСЖ, настапуваше и за Селта и Интер.
Два пати играше и за бразилската репрезентација и постигна еден гол.