Connect with us

Фудбал

Прво засилување на Мурињо во Лондон

Жозе Мурињо сака барем еден засилување за време на зимскиот преоден рок за да го замени повредениот Муса Сисоко.

Неговата цел е Гедсон Фернандеш од Бенфика. 21-годишниот Португалец, наводно, ќе биде во Лондон во понеделник наутро на медицински прегледи.

Играчот од средниот ред беше близу до договор со Вест Хем, но очигледно е убеден од понудата на Тотенхем во последните денови.

Сепак, сè уште нема официјална потврда во врска со неговиот трансфер.