ПСЖ дава лажни информации, одбиена понудата од Мадрид

Познато е дека Единсон Кавани е заинтересиран кариерата да ја продолжи во Атлетико Мадрид. Од друга страна тренерот Диего Симеоне е многу заинтересиран за него, особено откако Гризман замина во Барселона, а Диего Коста се мачи со повредите.

-текстот продолжува по рекламата-

Сепак, понудата од Мадрид е одбиена од страна на ПСЖ. Францускиот тим не сака да се откаже од него, иако се свесни дека нема да го продолжи договорот и дека како слободен играч ќе замине во јуни.

Но, она што е интересно е дека ПСЖ дава лажни информации. Имено, според француските медиуми, тимот излажал дека Кавани поради повреда го пропуштил мечот со Монако. Неговите застапници тврдат дека тоа е лага со цел да се повлечат екипите кои имаат интерес кон него.

Атлетико Мадрид испратил понуда од 10 милиони евра за 32-годишниот напаѓач, кој има уште шест месеци договор со тимот од Парис, но истата била одбиена.

 

Совет за етика во медиумите
Loading...