Connect with us

Фудбал

ПСЖ добро загризал, за фудбалер на Наполи нудат сума колку што пред неколку сезони платија за Мбапе!

Крилниот напаѓач Кварацхелија оваа сезона блесна во Наполи. Грузиецот кој летово пристигна во Неапол од Динамо Батуми за 11,5 милиони евра, сезонава досега на 29 настапи постигна 13 гола и 15 асистенции.

Заедно со Виктор Осимен е најзаслужен за сигурната титула на Наполи, како и за пласманот во четврт-финалето од Лигата на шампионите, во кое овој клуб ќе се сретне со Милан.

Логично, брзо го привлече вниманието на најбогатите европски клубови, а најсериозен се чини е Пари Сен Жермен.

Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ наведува дека парижаните се подготвени да платат дури 180 милиони евра за Кварацхелија, со што би се изедначил со трансферот на Килијан Мбапе во истиот клуб на второто место на најскапи трансфери на сите времиња. На прво место е трансферот на Нејмар, исто така во ПСЖ, вреден 222 милиони евра.

Договорот на Грузиецот со Наполи е со важност до 2027 година, од клубот претходно соопштија дека тој не е на продажба и дека сакаат да освојуваат трофеи со него во тимот, но останува да се види дали тој ќе остане имун на таква понуда. .